4.4.08

Бегам

Надвор од мојата глава
не ми се допаѓа што наоѓам
повторно и повторно ме влече надолу
Зарем сите мои врисоци се само шепот?

Зафатени луѓе одат никаде
види како ме мокри дождот, не сакам да ме сожалуваш...ништо не е...
моето спротивставување бледее
како цвеќе во некој подрум
кое ја чека осамената смрт!

Блиску си, а толку далеку!

Јас сонувам...јас си замислувам...се надевам...надвор се е вистинско...Уште една ладна ноќ е само уште еден ден. Незнам дали ме бараш или дали се надеваш на мене? Можам да го видам тоа во твоите очи и на твоето лице. Сакам да ме видиш сакана. Кажими дека го сакаш тоа... Те молам...
Неможам да си заминам, а уште помалку да заборавам. Неможам ни да знам што сакаш од мене. Можам да те видам...дури и да те допрам...можам да те почувствувам...толку си блиску...

Писмо...

Писмо од мојата идна ЈАС...среќна ли сум? Пораснав ли добро? Сигурна сум дека се смеам...нели?
Ако заборави да се смееш, имам само едно да ти кажам и запамти го. Пред 10-тина години твоето минато ЈАС се молеше за твојата среќа. Те молам немој да губиш надеж. Без разлика колку ќе биде тешко, мораш да го направиш!

Врати се...

Го слушам твојот мил глас, твоите зборови се како ехо во моето тело. СЕга сум тука и те чекам. Каде си? неможам да те најдам. Ќе те чекам! Врати се мамо... Има ли некој што повеќе те сака од мене? Мислев дека можам подобро да те сакам. Секогаш бевме заедно...Тука сум и ќе те чекам!
Те сакам, а тебе те нема. Нема ништо останато во мојата осамена соба без тебе. Тука сум и ќе те чекам. Каде си?

ШТО Е РЕАЛНО?

Трчав и паѓав додека доаѓав...провери го моето тело...тело ли е или само душа? Темнината бледееше се повеќе и повеќе. Сакаше...се обидуваше да биде светлина. Наеднаш се исчезна... Сите овие кошмари ги имав еднаш како дете, но утрото секогаш доаѓаше. Сега станува доцна. Што ли заборави мојот ум? Заборави да крие...може ли кошмарот сеуште да биде буден? Незнам...надвор или внатре...никогаш нема да дознаам дали е илузија. Секој ден се повеќе ме збунува.
Не повторно...неможам да се разбудам од овој сон. Што е реално? Неможам да видам што ми треба.

ИЛУЗИЈА

Таму длабоко, длабоко во шумската ноќ, децата играа. Играа и се смееа, шепотеа...нивните очи...што ли бараа? Нивната песна, почна да има смисла...но само ако ја слушнеш. Да играш, да играш како пеперутка и ќе се појават сенките пред твоите очи. Звукот на ехото станува апсурден, тежок за објаснување.
Сега слушни како зборува шумата. Вдиши го животот. Тоа е една прекрасна илузија. Најпрекрасната што досега некогаш постоела. Кога ќе помислиш дека навистина си сам...почувствувај ги очите на оној кој сакаш да те погледне. Повторно погледни како си играат децата!

СОБАТА НА АНГЕЛОТ

Започна да ја лажеш тишината уште пред мене. Твоите солзи не ми значат ништо...ветерот завиваше...прозорот шкрипеше...шкрипеше силно...Никогаш не сфати...
Љубовта која некогаш ми ја даде...сега ти ја поклонувам...
Не заслужуваш...но, сега неможеш ништо да направиш...затоа спиј...спиј во единственото сеќавање за мене...моја ****!
Еве ти пеам приспивна песна, за да ги затвориш очите. Збогум...
Мислеше дека те презирам...сега не чувствувам доволно за да плачам...еве ти пеам приспивна песна...
Толку е беззначајно...заспиен дел чувствувам длабоко во себе...се криеш ли некаде или се загуби? Можеби леташ некаде над облаците...можеби си среќна без мене...
Ако умрев никогаш немаше целосно да ја почувствувам тагата и никогаш немаше да ме слушнеш како ти казжувам ИЗВИНИ!
Каде е светлината...помислив дека ме довикува од некаде...