4.4.08

ИЛУЗИЈА

Таму длабоко, длабоко во шумската ноќ, децата играа. Играа и се смееа, шепотеа...нивните очи...што ли бараа? Нивната песна, почна да има смисла...но само ако ја слушнеш. Да играш, да играш како пеперутка и ќе се појават сенките пред твоите очи. Звукот на ехото станува апсурден, тежок за објаснување.
Сега слушни како зборува шумата. Вдиши го животот. Тоа е една прекрасна илузија. Најпрекрасната што досега некогаш постоела. Кога ќе помислиш дека навистина си сам...почувствувај ги очите на оној кој сакаш да те погледне. Повторно погледни како си играат децата!

No comments: