8.6.07

Одговори?

Утрово кога се разбудив, го знаев одговорот на се. Баш на се! Или... Барем чувствував дека го знам тоа...барем го имав чувството!
Оти...
Оти, додека се расонив, ги заборавив одговорите...сите...
И не е чудно нели, што сега повторно сакам да сум сама: мртва, помртва најмртва...

MOMENTS

All those moments will be lost in time, like tears in rain...time to - die...

Хаос

Турбуленции во мојот ум
Празнина во мојата душа
Хаос во мојот мозок
Мраз во моето срце

Епизоди наместо живот...

Денес сум лушпа само. Лушпа од човек, лушпа од живот. Оној испразнет калап на мојата душа, оној со ваша форма, калап - тежи како вечноста сама и не ми дава да дишам.
Купишта мачни епизоди наместо живот...
Одвратно...
Одвратно е се.

ЉУБОВТА Е КАЗНА

Луѓето ги сакав еднаш порано...сега веќе тоа не сакам да го правам. Не сакам повеќе да ги сакам, не заслужуваат, не заслужувам...и...времето ми минува во такви состојби. Ех, ако времето лечи се, како што викаат, тогаш е барем ужасно бавен лекар. Или лекот делува премногу бавно. Знам сега...љубовта е казна. казнети сме - да не можеме да бидеме сами. Колку поразително!

Никаде и никогаш

Мртвилото никогаш не било здрава работа. Не е воопшто пријатно (иако не е ниту непријатно) кога не си всушност никаде...Едноставно само си никаде и никогаш...ти се чини минуваш животи, ни твои ни туѓи, туку ничии, и се почесто си Никој, кој е Никаде и кога е Никогаш. Нема време, нема место, нема Има...Треба да се разбудам од мртвилото...ама тоа не е толку лесно како што си мислев. Преку некои работи не поминувам туку ги потиснувам, за подоцна неодминливо и неизбежно да ми се вратат назад, уште посилни и уште помоќни...И затоа пак плачам денес, а солзите пак течат навнатре. Умирам. И...студена е смртта. Студена како мраз во душата да ме облива, секогаш кога ќе умрам, по мојот сон, и плачам, плачам поради две работи: затоа што не можам вечно да останам таму во мојот сон и затоа што тој сон не може да биде реалноста во која живеам...

7.6.07

Мразам

Денеска плачам. Само солзите не течат надвор од очите. Течат навнатре, и знам дека се црвени. Од крв. Ме печат внатре во градите. Се однесувам неприродно смирено, а сакам да вриштам, да се тресам и да трчам, да трчам... А на крајот...таму некаде далекуда ме чека оној друг свет, оној добар безбеден и топол свет каде што се е на свое место, каде што се е во ред. Мразам да постојам вака затоа што живеам наспроти своите желби.

Многу и малку

Сега.
Сега многу. И многу и малку, истовремено...
Те газат, те јадат, те исправаат, те хранат...
Нискости, подлости, омраза и зло и смрт, СМРТ и убавина и љубов, ЉУБОВ, добрина...нежност, кроткост, милост, доблести, дарежливост, блискост, топлина, забава...забава? Ах...никаде! И ништо, никаде!
...Љубов и потреба...наспроти можностите...празна сум...
Празнини и пишувам.

YING - YANG

Празна сум некако, денес...Полна, а сепак празна.
...Токлу многу имам да кажам, да запишам, но едноставно зборовите не ми доаѓаат, па мислите неможам да ги завршам, да ги оформам - во нивната вистинска форма...а чувствата - уште помалку. Празна сум на чуден начин денес...полна а сепак празна.
Полна, затоа што внатре во мене врволат мисли, чувства и вибрирам од нивната жестокост, и празна истовремено затоа што ништо не можам да извадам од себеси - надвор...како да сум запечатила нешто внатре, толку длабоко, колку што треба за сега да не можам да го извадам. А не можам. Не сега, не вака...

И тоа...само тоа...

Ноќва, или рано утринава се шетав наоколу сама, среде ноќниот мир - ако во големиов град има некое парче од денот што може да се нарече мирно...
Излегов да размислам мирно...ама не го направив тоа. Само...шетав...Знаете, тоа ме смирува...И...тоа.
И само тоа.

Сакам...

Баш би сакала да знам многу работи!

Смислата на работите!

Смислата...смислата не мора “ама баш навистина“ да постои! Па и ако ја нема...fuck it, then ќе ја измислам! Ќе си измислам своја смисла, барем поради оние кои ги сакам, поради мене самата, поради оние кои мене ме сакаат, и уште некои други...

ЛУДИЛО

Понекогаш, најсериозно се распрашувам себеси, дали не сум, всушност, ментално болна, психички растроена, или - луда, будала, ненормална, сеедно!
А како би се нарекла поинаку себеси, кога одам по работ на бездната, и без промашување застанувам на првиот лесно одронлив терен и чекам тоа несигурно парче земја да се одрони и да одлета долу во бездната? И не само што чекам, туку и скокам на него... Самата си се терам себеси во пропаст. Тоа го знам...
Но го знам и тоа, дека гледам сосема свесно, сосема јасно, како полека но сигурно, паметта и интелегенцијата ми заминуваат, се рушат како кревка кула од карти, ми се губат, ми истекуваат од мене, некаде надвор...сега дури и физички можам тоа да го почувствувам, така ми се чини...
И најголемата моја несреќа ми се доближува: станувам, полека како и другите, се топам во сивилото на обичноста, а тоа - е толку неприфатливо за мене, ме излудува уште повеќе, неможам да го поднесам. Не можам да го поднесам тоа да сум обична, затоа што да бидам иста како толку милијарди луѓе, да бидам една од таа маса, тоа е исто како и да не бидам ништо! А јас сега не само што станувам, полека, едно просечно, самобитисувачко суштество, туку напредувам надолу и надолу и надолу...
Само многулогичното прашање: дали лудиот себеси навистина се сфаќа како луд, и дали лудиот е навистина свесен за своето лудило? понекогаш може да ме утеши. Ако навистина бев луда, најверојатно немаше да се прашувам, едноставно ќе си бев луда, и ќе си бев блажена во своето лудило...
Единствено се чувствувам добро - кога ги пишувам моите раскази...тие се мојот вистински свет. Само тогаш се чувствувам исполнето, задоволно и само тогаш се чувствувам надвор од сивилото на обичноста. Само тогаш сум јас - јас! Осеќам празнина, загуба секогаш кога ќе мора да престанам да пишувам. Останатото време - глумам!
Мора да направам нешто со себе...

Градот...

Почнувам да го сакам градов. Не заспива. Никако да задреме, да стивме малку. Го сакам кога сред ноќ, кога наводно учам, ќе се фатам себеси, како всучност низ отворениот прозорец го наслушнувам живиот град, градот што ме повикува на забава и талкање... Толку го сакам тоа, што не можам да му одолеам. Па излегувам, па ми е супер...И кога ќе си дојдам дома, ќе ги најдам книгите, тетратките и учебниците такви какви што сум ги оставила - неотворени. како сега. како вчера. Како утре, и задутре...нема крај. И колку што го сакам градот што никогаш не спие, толку се мразам себеси...мачнината во стомакот- повторно ми се појавува. И знам дека ќе ја снема ако заспијам. Што побргу заспијам, толку побрзо ќе ја снема. Како секогаш. Како и ноќва. Не можам да си помогнам. Затоа ќе си легнам. Затоа ќе го прекинамова глупаво пишување, што не ми помага ни малку...барем утрото да не ме фати будна..тогаш уште полошо ќе се осеќам. И што ако го запишам тоа? Ќе ми помогне? Како да не! Ќе прекинам и ќе си легнам да спијам...

ИСПОВЕДАЛНИЦА

Отсекогаш сум се прашувала зашто сум јас - јас. Зошто баш ваква каква што сум. Баш она што сум внатре, внатре во главата, зошто сум ваква...си мислам. Ме мачи толку многу време, што почнав некаков неред да чувствувам внатре...хаос. Немир што предизвикува притисок во градите, а тоај, тој станува се поголем и поголем и не можам веќе тоа да го издржам, не сакам веќе да го чувам во себе, сакам да го извадам од таму, сакам да излезе... Не можам веќе да го истрпам, ќе ми пукнат градите од напон, главата ќе ми се распрсне, ќе прегрее, ќе...
Затоа и ја формирав оваа исповедалница. Да го излеам некаде надвор она што ме јаде, што ме гризе одвнатре. Сакам да го видам надвор, можеби подобро ќе го разберам, можеби најпосле и ќе сфатам зошто не можам сама во себе да го решам...Сакам да го видам, како што го гледам физикусот на огледало...сакам така да си го видам умот...она зад очите...она што устата ми ја тера да се отвора, а глас вистински не излегува. Болно е...
Зашто...
...Немам на кого ова да го раскажам...уште будала ќе испаднам...
Освен на оваа исповедалница и на вас кои најверојатно, никогаш нема ни да го прочитате. А можеби и подобро е така, подобро... Оти ни самата незнам што ќе ми истече од главата. Којзнае дали ќе ми се допадне внатрешноста на мојата глава...
Ова треба да е исповед на мојот ум. Кога тој е доволно конфузен, а емоциите доволно силни, за тоа да се запише...
...И не е ова за вас...не е ниту за екранов. За мене е. Заради мене е. И доста веќе се убедувам...како да се плашам од нешто? Можеби. Ама како и да е, доата е.

ВРЕДИ ЛИ?

Просечните нешта настануваат во толпата, нив најчесто ги создава случајноста, а пак исклучителните работи спаѓаат во ретките нешта. Многу нешта се излишни, а некои и не вредат толку. Но, ние тоа не го проценуваме и нас ни се чини дека се бесплатни иако чинат најскапо. Баш поради ова се покажува најголемата глупост, затоа што мислиме дека го купуваме за кое што плаќаме со пари, а она за кое се полагаме самите себе го нарекуваме беспллатно. Она кое што не би сакале да го купиме, ако поради тоа треба да ја дадеме нашата куќа или некое богато и плодно земјиште, сме најподготвени да го добиеме, со најголема грижа, со опасност, со жртвување на честа, слободата и времето, и навистна ништо друго не ни е поефтино отколку што сме си самите на себе. Што се може да не одведе до некое безумие? Што губиме со многу солзи? Сфатив... Не страдаме по загубеното, туку од самата помисла дека ќе загубиме некој или нешто. Никој не чувствува дека нешто загубил, само така мисли. На колку од нас им е дадено да се имаат самите себе? Лошо ли е тоа? Живееме ли или имаме амера да живееме...

ДА СЕ ЖИВЕЕ САМ СО СЕБЕ

Не, и понатаму не го менувам моето мислење, а тоа: одбегнувај ја толпата, одбегнувај мал број луѓе, па дури одбегнувај и еден човек. Јас не познавам ни еден со кој би моѓела слободно да се дружам. Имаше една приказна на телевизија...еден човек гледа едно детенце како шета осамено, доближувајќи му се го прашува што прави така осамен. Детето му одговара дека зборува само со себе. на тоа човекот му враќа, дека треба да се чува и да внимава затоа што зборува со лош човек. Интересно... Имаме обичај да го чуваме оној кој тагува и оној кој се плаши за да не направи нешто лошо во осаменоста, а зошто?

ЗА ТОЛПАТА

Ако ме праша некој, што треба да се избегнува, ќе речам толпата... Нејзе не можеш да и се предадеш со сигурност. Јас имам една слабост. Никогаш не се враќам дома со оние особини со кои што сум излегла. Нешто од она кое што во себе сум го средила, се довело до безредие, а пак нешто од кое што сум избегала, се вратило. Тоа им се случува на болните, нив долгата болест ги довела до таму, така што не можат да продолжат без штета по себе. Штетно е другарувањето со толпата. Не постои таков човек што нема да ни препорача по некоја грешка, или да ни ја вреже или да ни ја прикачи нам незнаејќи. Колку повеќе има луѓе со кои што се мешаме, толку поголема е опасноста. Навистина ништо толку не е погубно за добриот дух како кога безделничи во гледање претстави. Тогаш преку страста за задоволството полесно напаѓаат пороците. Што мислите што сакам да кажам? Се враќам поалчна, по славољубива, со поголема распуштеност во страстите и понечовечна, бидејќи бев меѓу луѓето. Што мислите дека се случува со духот на оние луѓе против кои јавно е извршен напад? Нужно е: или да го имитираш или да не го поднесуваш светот. И едното и другото треба да се избегнува, ниту да станеш сличен на лошите, такви има многу, ниту да си и непријател на толпата, таа тебе не ти е слична. Повлечи се во самиот себе, колку што можеш. Сврти се кон оние кои ќе те направат подобар. Не треба да те измами славата за да го објавиш својот талент пред толпата, за да сакаш гласно да кажуваш или да се расправаш. Зошто не постои некои таков кој би сакал да ме разбере? Зошто ви го пишувам сето ова? не, не го пишувам ова за многумината, туку само за тебе. И така еден на друг сме си доволна публика!