7.6.07

ЗА ТОЛПАТА

Ако ме праша некој, што треба да се избегнува, ќе речам толпата... Нејзе не можеш да и се предадеш со сигурност. Јас имам една слабост. Никогаш не се враќам дома со оние особини со кои што сум излегла. Нешто од она кое што во себе сум го средила, се довело до безредие, а пак нешто од кое што сум избегала, се вратило. Тоа им се случува на болните, нив долгата болест ги довела до таму, така што не можат да продолжат без штета по себе. Штетно е другарувањето со толпата. Не постои таков човек што нема да ни препорача по некоја грешка, или да ни ја вреже или да ни ја прикачи нам незнаејќи. Колку повеќе има луѓе со кои што се мешаме, толку поголема е опасноста. Навистина ништо толку не е погубно за добриот дух како кога безделничи во гледање претстави. Тогаш преку страста за задоволството полесно напаѓаат пороците. Што мислите што сакам да кажам? Се враќам поалчна, по славољубива, со поголема распуштеност во страстите и понечовечна, бидејќи бев меѓу луѓето. Што мислите дека се случува со духот на оние луѓе против кои јавно е извршен напад? Нужно е: или да го имитираш или да не го поднесуваш светот. И едното и другото треба да се избегнува, ниту да станеш сличен на лошите, такви има многу, ниту да си и непријател на толпата, таа тебе не ти е слична. Повлечи се во самиот себе, колку што можеш. Сврти се кон оние кои ќе те направат подобар. Не треба да те измами славата за да го објавиш својот талент пред толпата, за да сакаш гласно да кажуваш или да се расправаш. Зошто не постои некои таков кој би сакал да ме разбере? Зошто ви го пишувам сето ова? не, не го пишувам ова за многумината, туку само за тебе. И така еден на друг сме си доволна публика!

No comments: