7.6.07

ИСПОВЕДАЛНИЦА

Отсекогаш сум се прашувала зашто сум јас - јас. Зошто баш ваква каква што сум. Баш она што сум внатре, внатре во главата, зошто сум ваква...си мислам. Ме мачи толку многу време, што почнав некаков неред да чувствувам внатре...хаос. Немир што предизвикува притисок во градите, а тоај, тој станува се поголем и поголем и не можам веќе тоа да го издржам, не сакам веќе да го чувам во себе, сакам да го извадам од таму, сакам да излезе... Не можам веќе да го истрпам, ќе ми пукнат градите од напон, главата ќе ми се распрсне, ќе прегрее, ќе...
Затоа и ја формирав оваа исповедалница. Да го излеам некаде надвор она што ме јаде, што ме гризе одвнатре. Сакам да го видам надвор, можеби подобро ќе го разберам, можеби најпосле и ќе сфатам зошто не можам сама во себе да го решам...Сакам да го видам, како што го гледам физикусот на огледало...сакам така да си го видам умот...она зад очите...она што устата ми ја тера да се отвора, а глас вистински не излегува. Болно е...
Зашто...
...Немам на кого ова да го раскажам...уште будала ќе испаднам...
Освен на оваа исповедалница и на вас кои најверојатно, никогаш нема ни да го прочитате. А можеби и подобро е така, подобро... Оти ни самата незнам што ќе ми истече од главата. Којзнае дали ќе ми се допадне внатрешноста на мојата глава...
Ова треба да е исповед на мојот ум. Кога тој е доволно конфузен, а емоциите доволно силни, за тоа да се запише...
...И не е ова за вас...не е ниту за екранов. За мене е. Заради мене е. И доста веќе се убедувам...како да се плашам од нешто? Можеби. Ама како и да е, доата е.

No comments: