8.6.07

Никаде и никогаш

Мртвилото никогаш не било здрава работа. Не е воопшто пријатно (иако не е ниту непријатно) кога не си всушност никаде...Едноставно само си никаде и никогаш...ти се чини минуваш животи, ни твои ни туѓи, туку ничии, и се почесто си Никој, кој е Никаде и кога е Никогаш. Нема време, нема место, нема Има...Треба да се разбудам од мртвилото...ама тоа не е толку лесно како што си мислев. Преку некои работи не поминувам туку ги потиснувам, за подоцна неодминливо и неизбежно да ми се вратат назад, уште посилни и уште помоќни...И затоа пак плачам денес, а солзите пак течат навнатре. Умирам. И...студена е смртта. Студена како мраз во душата да ме облива, секогаш кога ќе умрам, по мојот сон, и плачам, плачам поради две работи: затоа што не можам вечно да останам таму во мојот сон и затоа што тој сон не може да биде реалноста во која живеам...

No comments: