...Долго време размислував како го доживувам животот. Ми се случија некои работи кои ме натераа интензивно да размислувам на ова поле. На почетокот моето песимистично расположение не ми го дозволуваше тоа. За мене тоа беше ужасен крај. Но по некое време во мојот живот се појави една личност која промени голем дел од моите деструктивни размислувања. Не дека неговите размислувања беа многу оптимистични ама едноставно неговата среќа ми е многу поважна од мојата . Сега размислувам поинаку...благодарение на него.
Животот е како патување со воз. Луѓето се качуваат и се симнуваат во и од вагоните. Таа вечна приказна траела и ќе трае. Кога ќе се родиме се качуваме во возот на животот и опколени сме со луѓето за кои мислиме дека вечно ќе не следат на тој пат. Во прв ред тоа се нашите родители. Нормално, по извесно време тие ќе се симнат од возот и ќе не остават сами. Но, не сме сами, на нашето патување веќе ни се придружиле браќата и сестрите, а тука се и нашите пријатели, познаници, љубени...
Многу луѓе на патувањето во возот гледаат како на безначајно кратко шетање. Други додека се возат се тажни или мрзоволни, бесчувствителни или рамнодушни. Трети пак уживаат во погледот што им го нуди возењето, подготвени се во секое време да направат муабет со сопатниците, да им помогнат на беспомошните, да ги израдуваат неутешните, да ги охрабрат плашливите. Тие се вистинските патници.
За секој од нас постои последна станица Тогаш ќе мора да се симнеме од возот. некои од нас ќе се синат незабележано како и да не се возеле, за други пак, патниците ќе кажат - слава на Севишниот што се откачи досадава. Третата категорија се патници кои се симнале од возот, ама во вагонот го оставиле куферот полн со љубов, толеранција, помош...Куфер што треба да им послужи како пример на живите.
Значи, еден ден сите ќе се симнеме од возот и ќе се стационираме на главната железничка станица, поточно во Божјата база. Тука повторно ќе се најдеме со блиските, ќе се прегрнеме и ќе си посакаме пријатен пат во вечноста.
The Piano Guys - Cello Song
13 years ago


No comments:
Post a Comment