Утринава барам дом, некоја скршена цигла, да ми разбуди спомен и утеха да ми даде. Каде да го барам? Има само едно место на овој свет што е доволно големо за да ми биде темел и доволно мало за никој да не го види. Светло..кај што ќе сјае мојата среќа и темно...тагава да ми ја сокрие. Да биде широко, за да биде само мое небо и тесно...како кафез. Да биде близу за да можам да го имам и далеку за да можам по него да трагам. Незнам дали таму се родив. Незнам ни дали живеев таму. Но знам дека таму ме чека светот...тие далечини ме повикуваат. Сега непознати луѓе ми се пријатели. Дали таму некој ме чека?
1 comment:
Еден странец чекори по калливиот пат.
За него тоа е уште еден ден чекорење по дождот, чекорење низ неговиот живот, пат на кој неговата брада станала сивкаста а неговите очи го здобиле она познато сивило. Живо се присеќава на сонот, кој го натера на тоа чекорење, кога одеднаш се сопнува од една црна кутија.
Ја подига кутијата, а на неа се отвара мало прозорче...
Погледнувам внатре и таму си ти, ми велиш, повели, гледам во твоето око дека знаеш да чувствуваш, гледам во твоето око дека знаеш како е...
Јас велам, дојди надвор, таму ќе најдеш работи кои ги нема во твојата кутија... Но каде и да одиш, не ја заборавај својата црна кутија...
Post a Comment