23.11.07

Песна без музика

Пишувам за да се спасам
но, не читајте ја песнава ве молам
Немојте,
бидејќи јас ја мразам,
мразам што немам веќе што да кажам.
Мразам што песнава нема музика
и мразам зборови што нема.
Најмногу мразам што гледам ѕвезди
на небо кое ми е граница.
Мразам во капката што нема вода
и мразам песнава што ја мразам.
Мразам што незнам да се молам
што не можам да слушам
и заборавив да зборам.
Пак неможам да се молам.

No comments: