И небото плаче, само окото мое солзи крие...уште една дождлива ноќ, за последен пат...не ја чувствувам капката, а во телово исчезнува...само тап звук...гледам дожд, а дожд не чувствувам. Конечно...капката се соединува со солза...смрт на моите усни. Уште еднаш го молам небото...го молам да заврне. Сакам дождот да ме следи додека го барам својот дом, патувајќи без цел. Да ги чуе дождот овие редови...
Знам дека немам дотерана сцена, но широка е улицата...немам небесни царства, никој ѕвездите не ми ги даде и никој не може да ми ги земе...тие се мојата публика.
Никој не ги разбира овие редови. Само дождот знае дека тие се мојот живот.
Играјќи со боите, сликам живот...јас и платното сме едно...така се создава вечноста во која ја губам мојата душа.
The Piano Guys - Cello Song
13 years ago


No comments:
Post a Comment