А ти...нечии туѓи минати времиња во нов куфер ги пакуваш. Не ти се потребни, а се плашиш да останеш. Страв ти е да живееш? Пресели се... Стигнуваш во далечни краишта, и сега домот ти е уште подалеку. Некој со ептен голема леснотија улиците зад тебе како со гума да ти ги брише. Влегуваш во една стара зграда. Чекаш...Чекаш да не ти отворат за да моѓеш да влезеш. Влегуваш а нема никаков излез. Празна соба со бели ѕидови. Како влезе? Како сега ќе излезеш? Нацртај небо, песок и море. Нацртај прозор, врата и скали. Нацртај вчера, денес и утре. И нацртај цигли за една по една да ги вадиш. Нацртај луѓе какви што сакаш, а ако не се добри избриши ги. Но излез пак нема да има, и нема каде да се вратиш кога си на гости кај самиот себе само во туѓа зграда.
No comments:
Post a Comment