25.11.07

Немојте да ме изгубите

Молчам. Молчам и се молам...слушнете го мојот молк и молитвата моја разберете ја сите вие кои во светов сега сте изгубени.За последен пат гледате искри во овие очи. Ја изгубив моќта да мислам, да пресудувам и добивам...да мразам и да губам.
Зар не ја чувствувате љубовта што живее во мене? Мрзне моето тело...Се губи ликот мој. Почувствувајте допир...ме нема.
Немојте да ме изгубите. Еднаш умрев, втор пат не ме убивајте. Мислите умреа моите соништа? Со вас ги оставам.

No comments: